Трамп: Во Авганистан ќе останат околу 4.000 војници до ноември

САД ќе го намалат своето воено присуство во Авганистан на околу 4.000 војници „многу брзо”, рече американскиот претседател Доналд Трамп.

„До голем степен сме надвор од Авганистан”, рече Трамп во интервју за американскиот веб-сајт „Аксиос”.

„Ние ќе го намалиме на 8.000 за многу краток временски период, потоа ќе бидеме до 4.000, сега преговараме”, рече тој, без да прецизира точно време, но рече дека тоа ќе се случи „многу брзо”.

На прашањето колку американски војници ќе останат во Авганистан на денот на изборите во ноември, Трамп рече дека ќе има „4.000 до 5.000″.

Изјавата на претседателот доаѓа откако американскиот државен секретар Мајк Помпео минатата недела изјави дека Трамп очекува сите останати американски трупи да бидат повлечени од Авганистан до мај 2021 година.

САД  и талибанското движење потпишаа мировен договор во Доха, Катар, на 29 февруари, кој предвидува постепено повлекување на американските трупи. Како одговор, се очекува талибанците да спречат Авганистан да стане безбедно засолниште за терористи во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот