Трамп влегува во „војна“ со Мадуро

Архива на СП

Американците не се согласуваат со извозот на иранската нафта во Венецуела, особено што двете држави се опфатени со казнени мерки кои ги воведе администрацијата на Доналд Трамп.

Американската администрација успеа да запре два танкери кои превезувале иранска нафта кон Венецуела, објавува „Фокс нуз“.

Според информациите на овој медиум, станува збор за пловила со грчки сопственик кои пловеле под знамето на Либерија,

Одлукада да се откажат од впловување во венецуелските пристаништа дошла откако американската администрација се закани со остри санкции за сите кои ќе ја помогнат доставата на иранска нафта.

Првиот од најавените 5 танќери веќе вплови во венецуелските пристаништа во неделата, по што владата на Николас Мадуро објави дека уште два други бродови ја „пробиле“ американската блокада, иако морнарицата на САД соопшти дека нема да употреби сила за спречување на испораката.

Американците не се согласуваат со извозот на иранската нафта во Венецуела, особено што двете држави се опфатени со казнени мерки кои ги воведе администрацијата на Доналд Трамп.

Ден пред пристигнувањето на танкерите, венецуелските власти кон брегот ги испратија своите противвоздушни ракетни системи, а претседателот Мадуро оствари состанок со командантите на вооружените сили, најавувајќи притоа воени вежби на противвоздушните сили на брегот на Атлантскиот океан.

Техеран и Каракас остро ги предупредија САД дека ќе одговорат на било каков обид  за спречување на испораката на танкерите во Венецуела. Администрацијата на Доналд Трамп и ривалот на Мадуро, Хуан Гуаидо тврдат дека „товарот е платен со крваво злато“.

Последните седмици, Американците ги зајакнаа поморските сили во Карипското море, наведувајќи дека тоа е резултат на ширењето на акциите против нарко – картелите.

Иако Вашингтон отфрла било каква поврзаност со неодамнешното инфилтрирање на триесетина вооружени лица на венецуелскиот брег, односите на двете држави со години се на раб на конфликт, пред се бидејќи Вашингтон ја поддржува владата на Хуан Гуаидо.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот