Трамп вели дека ќе го разгледа помилувањето на Едвард Сноуден

Американските власти со години сакаат Сноуден да се врати во САД и да се соочи со кривични пријави во врска со обвиненијата за шпионажа во 2013 година.

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека ќе го „разгледа“ случајот на Едвард Сноуден, поранешен соработник на американската агенција за национална безбедност (НСА) и свиркач, кој живее во егзил во Русија, и ќе го разгледа неговото можно помилување.

„Јас не сум целосно запознаен со ситуацијата на Сноуден. Многу луѓе мислат дека треба да се третира поинаку, а некои други веруваат дека тој правел многу лоши работи“, рече Трамп пред новинарите.

Тој додаде дека случајот ќе го разгледа многу „интензивно“.

Американските власти со години сакаат Сноуден да се врати во САД и да се соочи со кривични пријави во врска со обвиненијата за шпионажа во 2013 година.

Сноуден избега од Соединетите Американски држави и доби азил во Русија откако тој достави тајни документи до медиумите, кои откриваат дека НСА спроведувала шпионски операции во земјата и во странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот