Трамп веќе не сака да преговара со талибанците, најави „децениска војна“

Трамп напиша дека тајните, одвоени средби со талибанските лидери и авганистанскиот претседател Ашраф Гани требало да бидат одржаво денес во Кемп Дејвид, но дека се откажани.

Американскиот претседател како причина го наведе тоа што талибанците признаа дека стојат зад нападот во Кабул во кој беше убиен еден американски војник, покрај 11 други луѓе.

„Веднаш ги откажав средбите и мировните преговори“, напиша Трамп.

„Какви се тие луѓе кои толку би убивале за навидум да ја зајакнат својата преговарачка позиција?“, се праша тој.

Во четвртокот во Кабул во напад со автомобил бомба во близина на седиштето на НАТО беа убиени двајца војници на Алијансата, Американец и Романец, а сѐ на сѐ загинаа 12 луѓе.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денес потврди дека мировните преговори со авганистанските талибанци се мртви и дека Вашингтон нема да прифаќа какви било идни договори без „одредени гаранции“ од милитантите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот