Трамп: Уништете го секој ирански брод што ќе ве загрози

Петтата флота претходно објави и видео снимка во која е прикажан поголем број ирански пловила кои кружат околу американскиот брод.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и дал инструкции на американската морнарица да го уништо секој ирански брод кој ќе претставува закана односно ќе го загрози нивниот интегритет.

Ваквата информација Трамп ја објави на „Твитер“, по судирот во Персискиот залив, пренесува „Раша тудеј“.

Една недела претходно американската морнарица ја обвини Револуционерната гарда на Иран за опасни и провокативни акции.

Петтата флота подоцна објави и видео снимка во која е прикажан поголем број ирански пловила кои кружат околу американскиот брод.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот