ТРАМП УДРИ ПО ЖЕНИТЕ ОД РЕДОВИТЕ НА ДЕМОКРАТИТЕ: Вратете се во сиромашните места од кои сте дошле

Фото: EPA / Mike Theiler

Американскиот претседател Доналд Трамп критикуваше група демократски претставнички во Конгресот, нарекувајќи ги предизвикувачки на нереди родени во странство и им порача дека би требало да се вратат во опустошените и осиромашени места од кои дошле.

Коментарите на Трамп на Твитер остро ги осудија претставничките на демократите и на момент заборавија на внатрешните поделби кои подолго време владеат меѓу нив, јавија американските медиуми.

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси изјави дека претседателот сака „Америка повторно да ја направи бела”, додека претставничката на демократите од Њујорк Александриа Окасио-Кортес, која веќе неколку дена е во судир со Пелоси, прокоментира дека Трамп „не може да замисли Америка која ги вклучува и нив”.

Некои агенции коментираат дека Трамп „речиси сигурно”, кога критикувал, мислел на Окасио-Кортес и нејзините сојузнички – Илхан Омар од Минесота, Ајана Презли од Масачусетс и Рашида Тлаиб од Мичиген.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот