Трамп тврди дека Русите го премислиле Мадуро, Русија негира

Демонстранти се на улиците во главниот град на Венецуела, Каракас по повторен повик на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо кој претходно најави „почеток на финалната фаза од операцијата Слобода”. Тој вети ставање крај на владеењето на владата на претседателот Николас Мадуро.

Венецуелскиот министер за одбрана предупреди дека армијата ќе преземе акции доколку е потребно откако беа објавени инсерти од поддржувачите на опозицијата како се упатуваат кон претседателската палата во Каракас.

Гуаидо: – Триесетипетгодишниот Гуаидо вети транзициска влада и слободни избори за ставање крај на режимот на социјалистот Мадуро. Во јануари тој се самопрогласи за претседател на Венецуела. Беше признат од извесен број влади во светот за лидер на Венецуела. – Во незапирлив процес сме. Имаме цврста поддршка од нашиот народ и светот за да постигнеме обнова на демократијата, најави тој

САД: Државниот секретар Мајк Помпео тврди дека Мадуро се подготвувал да ја напушти Венецуела, но го премислиле Русите. -Тие имаа авион на пистата. Беше подготвен да замине утрото. Русите посочија дека треба да остане, изјави Помпео во интервју за Си-Ен-Ен.

Мадуро: – Ситуацијата е под контрола. Сите воени гарнизони го поддржуваат претседателот Мадуро, изјави Исбемар Хименез, заменик министер за информации на Венецуела. Мадуро од вчера не е виден во јавноста.

Жртви: Во денешните судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили повредени се најмалку 70 лица. Транспортер на безбедносните сили влета директно во демонстранти на улица во Каракас.

Трамп: Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Куба дека повторно ќе воведе санкции ако кубанските војници веднаш не ги стопираат воните операции во Венецуела. Ако кубанската војска и милиција веднаш не ги запрат воените и другите операции со цел предизвикување на смрт и уривање на Уставот на Венецуела, кон Куба ќе биде воведено целосно ембарго, заедно со највисоките санкции, напиша Трамп на Твитер.

Русија: Русите велат дека Помпео зборува невистина дека го наговориле Мадуро да остане иако тој сакал да ја напушти државата. – Вашингтон работи се за да ја деморализира армијата на Венецуела и сега се служат со лаги, соопштија од руското МНР за Си-Ен-Ен.

Куба: Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел одговори на заканата од претседателот Трамп, нарекувајќи ја „опасна агресивна ескалација”. „Ја повикуваме меѓународната заедница да ја спречи опасната агресивна ескалација и да го зачува мирот. Доста е со лаги… Нема воени операции ниту кубански трупи во Венецуела”, напиша тој на Твитер.

Бразил: Претседателскиот портпарол генерал Отавио Рего Баррос им изјави на новинарите дека Бразил целосно отфрла воена интервенција во Венецуела и не планира да дозволи која било друга земја да ја користи нивната територија за потенцијална интервенција кон својот сосед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот