Трамп: Таканаречениот врховен лидер на Иран да внимава што зборува

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Таканаречениот врховен лидер на Иран, кој неодамна не беше така врховен изјави неко грди работи за САД и за Европа. Нивната економија се распаѓа, а нивните луѓе страдаат. Би требало да биде повнимателен со своите зборови – напиша Трамп на Твитер.

Американскиот претседател Доналд Трамп преку Твитер му порача на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи да внимава што зборува. Реакцијата на Трамп уследи откако ајатолахот го нарече „кловн“.

– Таканаречениот врховен лидер на Иран, кој неодамна не беше така врховен изјави неко грди работи за САД и за Европа. Нивната економија се распаѓа, а нивните луѓе страдаат. Би требало да биде повнимателен со своите зборови – напиша Трамп на Твитер.

Ајатолахот Хамнеи, кој вчера ја водеше петочната молитва првпат од 2012 година изјави дека „западните земји се премногу слаби за да можат да ги фрлат на колена Иранците”, при тоа додавајќи оти официјален Техеран е подготвен да преговара со Западот, но не и со САД.

Тој го нарече Трамп „кловн”, кој се преправа дека го поддржува иранскиот народ но „ќе му забие отровен бодеж” во грб.

Ајатолахот Хамнеи (80) ја извршува должноста од 1989 година и го има последниот збор во сите главни одлуки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот