Трамп: Ставаме крај на ерата со бесконечни војни (ФОТО+ВИДЕО)

epa08483516 US President Donald J. Trump speaks to United States Military Academy graduating cadets during commencement ceremonies in West Point, New York, USA, 13 June 2020. US President Donald J. Trump attended the graduation and delivered the commencement address. EPA-EFE/JOHN MINCHILLO / POOL POOL

Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој се соочува со критики поради најавата за повлекување на илјадници американски војници од Германија, им рече на дипломираните студенти на Воената академија „Вест Поинт“ дека нивната работа ќе биде да ги „бранат виталните интереси на Америка“ и да не учествуваат во „бескрајни војни“ во далечните земји.

Објавувањето на плановите на Трамп да префрли 9.500 војници од Германија, еден од најголемите сојузници на САД, во Полска и на други места, ги налути германските власти и предизвика загриженост во американскиот Конгрес дека земјата се повлекува од светската сцена.

Дипломираните питомци на САД се поздравуваат за време на церемонијата во Вест Поинт, Њујорк, САД, 13 јуни 2020 година/ Фото: EPA-EFE/JOHN MINCHILLO / POOL POOL

Обраќајќи се на питомците по повод нивното успешно завршување на школувањето во Вест Поинт, Трамп рече дека работата на американски војници не е да градат и да обновуваат странски држави, туку „да ја бранат нацијата на Америка и тоа силно, од надворешни непријатели“.

„Завршуваме ера на бесконечни војни“, рече Трамп. Работа на американските сили не е да „решаваат стари конфликти во далечните земји за кои многумина дури и не слушнале“, рече тој.

Републиканците го критикуваат

Трамп ги повлече американските трупи од Сирија за време на неговиот претседателски мандат и со најавувањето дека го намалува американскиот ангажман, создаде притисок врз сојузниците да плаќаат повеќе за нивната одбрана.

Во релативно ретка критика на неговата партија, 22 републиканци на Комитетот за вооружени услуги рекоа дека намалувањето на бројот на американските трупи во Германија ќе и наштети на националната безбедност и ќе ја охрабрат руската агресија.

Дипломираните кадети на воената академија на САД слават во академијата „Вест Поинт“, Њујорк, САД, на 13 јуни 2020 година/ Фото: EPA-EFE/JOHN MINCHILLO / POOL POOL

Во своето обраќање пред повеќе од илјада кадети, Трамп само индиректно се осврна на сегашното прашање на расната неправда во САД, велејќи дека питомците се пример за американска разноликост.

-Дојдовте од фарми и од градови, големи и мали држави, од секоја раса, религија, боја и верба. Но, кога влеговте во оваа област, станавте дел од еден тим и едно семејство што гордо и служи на обединетата американска нација- рече тој. .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот