Трамп со забелешка до Курдите дека тие не им помогнале на САД во Втората светска војна

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ги сака Курдите, но исто така истакна дека Курдите не им помогнале на Американците во Нормандија.

На прашањето за повлекувањето на САД од Сирија каде Курдите беа оставени на милост и немилост на турската офанзива и за можноста Американците да формираат сојуз со Курдите, американскиот претседател одговори дека Курдите „не им помогнале” на САД за време на Втората светска војна и истоварувањето на Нормандија.

– Курдите се борат за својата земја. Треба да го разберете тоа. Тие не ни помогнаа за време на Втората светска војна. На пример, не ни помогнаа во Нормандија…Потрошивме многу пари за да им помогнеме на Курдите, без разлика дали за муниција, оружје или парична помош. Тоа значи дека ги сакаме Курдите – заклучи Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот