Трамп со пофални зборови за кучето кое го „надушка“ лидерот на Исламска држава

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Американскиот претседател Доналд Трамп, во негов препознатлив стил на Твитер, објави фотографија од кучето кое учествувало во акцијата пронаоѓање и ликвидација на лидерот на терористичката организација Исламска држава.

Трамп напиша дека е декласифицирана фотографијата од прекрасното куче чие име не е дозволено да се објави, дека направило одлична работа при акцијата за заробување и убивање на лидерот на Исламска држава, Абу Бакар Ал Багдади.

Вчера, САД, а потоа и сите светски медиуми објавија дека е завршена долгогодишната потрага по лидерот на терористичката организација Исламска држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот