Трамп со поддршка за Франција: Радикалните исламистички терористички напади мора веднаш да престанат

EPA-EFE/ANNA MONEYMAKER / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп преку Твитер и даде поддршка на Франција, каде денеска во терористички напад беа убиени три лица.

Трамп на својот профил на Твитер напиша дека срцата на Американците се со Франција.

– Сочувствуваме со вас. Америка секогаш ќе биде со нашите најстари сојузници во оваа борба. Радикалните исламистички терористички напади мора веднаш да престанат. Ниту една земја во светот, Франција или која било друга, не може тоа долго да го толерира, напиша Трамп. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот