Трамп со оптимистички твит: Ќе победиме, нема да се бројат гласовите кои стигнале по изборниот ден

Фото: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп со нов оптимиски твит во победа на претседателските избори во САД и рече дека ќе покрене правна постапка против сите сојузни држави во кои неговиот демократски противник Џо Бајден тврди дека победил.

– Сите држави во кои Бајден тврди дека победил ќе бидат законски оспорени за измама во гласањето и државни изборни измами. Имаме доволно докази, само погледнете во медиумите. Ќе победиме. Америка е на прво место, напиша Трамп на Твитер.

Во посебна порака, тој напиша дека извојувал „голема легална победа во Пенсилванија”, без да прецизира на што точно мисли. Трамп порача и дека нема да се сметаат гласовите кои стигнале по изборниот ден во САД.

– Секој глас што стигнал по денот на изборите нема да се брои, наведе Трамп на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот