Трамп со нов план против отповикувањето: Дали бившиот претседател ќе создаде нова партија?

EPA-EFE
Доналд Трамп, поранешен претседател на САД / Фото: EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Бившиот американски претседател Доналд Трамп има нов план за борба против отповикувањето за кое треба да расправа Сенатот.

Трамп ќе им се закани на републиканците кои би можеле да гласаат против него во Сенатот со основање на нова партија, но и дека ќе ги поддржи своите кандидати против републиканците на наредните избори.

Сенатот закажа расправа за отповикување на Доналд Трамп за почеток на февруари, а иако му истече мандатот, одлуката на сенаторите против бившиот претседател би можела да го спречи да се кандидира на следните претседателски избори, пишува Спутник.

Заради тоа, Трамп е спремен на борба за да ги убеди своите партиски колеги да не им се придружат на демократите во гласање против него, пишува Вашингтон пост.

За да биде отповикан Трамп, потребно е на демократите да им се придржуат 17 републикански сенатори, за предлогот за импичмент да добие двотретинско мнозинство во Сенатот, додека одлучувачкиот глас ќе го носи потпретседателката на САД, Камала Харис.

Како што наведува Вашингтон пост, повикувајќи се на неофицијални извори, Трамп е подготвен да ги подржи сопствените кандидати кај републиканските номинации за конгресни избори, за да ги убеди сенаторите да не гласаат против него.

Исто така, наведува американскиот медиум, постои и закана дека Трамп ќе направи сопствена партија, што би имало уништувачко влијание на веќе поделената Републиканска партија.

Трамп располага со 70 милиони долари кои му преостанаа од претседателската кампања, со кои може да ги поддржи своите намери, пишува Вашингтон пост.

Расправата во Сенатот е закажана за почетокот на февруари, а не е јасно дали и колку републикански сенатори ќе се придружат на гласањето за отповикување на Трамп, бидејќи некои, како Марко Рубио, јасно се изјаснија дека се против, додека други, како Мит Ромни, оставија можност да гласаат за импичментот.

Извор: Б92

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот