Трамп со критики до СЗО: Нема потреба Ковид-19 да се користи за политички удари

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Трамп претходно го критикуваше Тедрос, наведувајќи дека СЗО  било премногу „ориентирано кон Кина” и дека затоа ќе ги суспендира финансиските средства што Вашингтон ги издвојува за СЗО.

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го критикуваше директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрод Аданом Гебрејесус, изјавувајќи дека токму тој ја политизира кризата со глобалната пандемија со коронавирусот, јави Гласот на Америка (ВОА).

Трамп претходно го критикуваше Тедрос, наведувајќи дека СЗО  било премногу „ориентирано кон Кина” и дека затоа ќе ги суспендира финансиските средства што Вашингтон ги издвојува за СЗО.

Одговарајќи му на Трамп, директорот на СЗО повика на единство и предупреди дека кризата не треба да се политизира, потсетува ВОА.

-Нема потреба Ковид-19 да се користи за политички удари. нема потреба. Има многу други начини да се докажете, изјави Тедрос одговарајќи на обвинувањата од Трамп.

ВОА додава дека Трамп на тоа возвратил изјавувајќи дека Тедрос е „тој кој политизира”.

-Кога станува збор за политизација, Тедрос е тој кој политизира. Тоа не треба да го прави. Видете, ние минатата година сме потрошиле 450 милијади, 452 милијарди, или речиси 500 милијарди долари. Стотици милијарди долари во изминатите години. А тие мораат работата да ја изведат многу подобро, кажа американскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот