Трамп со декрет ќе ја ограничи заштитата од одговорност на социјалните мрежи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се подготвува да потпише претседателски указ насочен кон ограничување на заштитата од одговорност на социјалните мрежи, јавија американски медиуми.

Твитер пред два дена ги повика корисниците да проверат дали објавите на претседателот се засноваат на факти.

Најавената претседателска уредба ќе ги задолжи извршните институции, вклучително и Федералната комисија за комуникации и Федералната комисија за трговија, да испитаат дали на компаниите кои поседуваат социјални мрежи можат да им се воведат нови деловни правила.

Експерти од таа област изразуваат сомнежи дека било што од тоа е можно без одобрување од Конгресот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот