Трамп со честитка за падот на Берлинскиот ѕид, но не го прифати необичниот подарок од Германија

Берлинскиот ѕид/Фото: Wikimedia Commons

Американскиот претседател Доналд Трамп на Германците им ја честиташе годишнината од падот на Берлинскиот ѕид. Тој преку соопштение наведе дека храбрите мажи и жени од Источна и Западна Германија се обединиле за да го срушат ѕидот кој повеќе од четвртина век стоел како „симбол на угнетувањето и неуспешниот социјализам“, пренесе српски „Курир“.

– Ниту една „железна завеса“ не може да ја задржи железната волја на народот, кој е одлучен да биде слободен. Остануваме цврсти во непоколебливата посетеност да ги унапредиме принципите на индивидуалните слободи кои поттикнуваа мир и носеа дотогаш невиден просперитет – стои во официјалната порака од Белата куќа.

Во меѓувреме, активистите на една германска невладина организација, одбележувајќи ја 30-годишнината од падот на Берлинскиот цид, транспортираа парче од ѕидот тешко 2,7 тони до Белата куќа, пренесуваат германските медиуми.

Тие наведоа дека тоа е во знак на благодарност до земјата која помогнала да се сруши ѕидот. На парчето е напишана порака за претседателот Трамп, која меѓудругото гласи:

– Сакаме да ви дадеме еден од последните делови на пропаднатиот Берлински ѕид за да ја одбележиме посветеноста на САД во изградба на свет без ѕидови – стои во пораката.

Обезбедувањето на Белата куќа, меѓутоа, не дозволило ѕидот да биде внесен, а од иницијативата соопштија дека парчето ќе биде префрлено на локација во близина на границата со Мексико, на пример на југот на Калифорнија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот