Трамп со бизарен говор против демократскиот ривал: Бајден е против Господ (ВИДЕО)

Доналд Трамп / Џо Бајден

Американскиот претседател и кандидат на Републиканската партија на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп изјави дека неговиот противник, демократот Џо Бајден е „против Господ“, иако Бајден често нагласуваше дека католичката вера го насочувала за време на целиот живот.

Според резултатите на бројни истражувања Бајден е во предност и има поголеми шанси од Трамп да стане 46-тиот претседател, бидејќи актуелниот шеф на Белата куќа е соочен со тешката епидемолошка ситуација во САД и неповолната економска состојба.

„Тој се заложува за радикална левичарска политика, се противи на слободното носење на оружје, не го почитува Вториот амандман на американскиот устав, не признава религија, не признава ништо, ни Библијата не ја признава и го навредува Господ. Бајден е против Господ“, изјави Трамп на собир во Охајо, без да објасни што точно сакал да каже.

Од другата страна, претставникот на изборниот штаб на Бајден, Ендру Бејтс за говорот Трамп порачал:

„Верата на Бајден е основата на сето тоа што го претставува. Тој живее достоинствено целиот свој живот и беше извор на сила и утеха во тешките времиња“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот