Трамп со апел до Американците и до технолошките компании: Трансферот на власта да биде мирен и без насилство

Фото: EPA-EFE/Chris Kleponis / POOL

Претседателот на САД, Доналд Трамп ги повика „сите Американци” да помогнат во „oлабавување на тензиите” и мирен трансфер на власта, истакнувајќи дека не поддржува никакво насилство. Во изјава за телевизијата „Фокс њуз”, тој повика да „нема никакво насилство, никакви нарушувања на законот и никаков вандализам од кој било вид”.

– Ова не е тоа за што јас се залагам и не е тоа за што Америка се залага. Ги повикувам сите Американци да помогнат во намалување на тензиите и смирување на страстите, истакна Трамп.

Советник од Белата куќа додава дека оттаму ќе испратат слична порака и ќе се обидат да ја прошират низ сите официјални профили на Трамп на социјалните мрежи. Советникот додава дека претседателот порачува Американците да му се придружат во мирен и законски трансфер на власта идната недела.

– Претседателот, исто така, ги повикува големите технолошки компании да го поддржат во овој напор, изјави советникот.

Пораките на Трамп за смирување на тензиите во САД доаѓаат во време кога Претставничкиот дом расправа за негово отповикување, второ по ред во мандатот на Трамп, откако насилна толпа негови поддржувачи минатата недела упадна во Конгресот, при што загинаа двајца полицајци и тројца цивили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот