Белата куќа му одобри на новоизбраниот претседател Џо Бајден да го добие досието со доверливи разузнавачки извештаи, изјави неименуван извор од администрацијата.
Оваа одлука значи дека Бајден ќе има пристап до најновите разузнавачки информации за најголемите закани за националната безбедност ширум светот, пренесуваат британските медиуми.