ТРАМП СЕ ЗАКАНУВА СО САНКЦИИ: Го зголеми данокот за увоз на турски челик

фото: Рixabay.com

Американскиот претседател Доналд Трамп ги зголеми даноците на увозот на челик од Турција за 50 проценти и се закани со пошироки санкции поради офанзивата на земјата во Сирија, додека пратениците на Конгрес најавија наметнување на нивните санкции кон Анкара.

Трамп рече дека наскоро ќе воведе санкции и на сегашните и на поранешните официјални претставници на турската влада за нивната вмешаност во операциите во северна Сирија.

Тој во изјавата додаде дека веднаш ќе ги прекине преговорите за договорот вреден 100 милијарди американски долари со Турција.

– За жал, Турција се чини дека не ги ублажува хуманитарните ефекти од инвазијата – изјави Трамп.

Тој рече дека на околу 1.000 американски војници им е наредено да ја напуштат Сирија, но ќе останат на Блискиот исток со цел да спречат да оживее Исламската држава.

Сепак, тој јасно стави до знаење дека војниците што се повлекуваат ја напуштаат Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот