ТРАМП СЕ ЗАКАНУВА: Ќе испратам илјадници војници да го запрат вандализмот
Американскиот претседатен најави и дека полицискиот час ќе биде стриктно почитуван.
Американскиот претседател Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги запре граѓанските немири во државите поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кои траат веќе со денови на улиците во САД.
Тој кажа доколку државите и градовите не успеат да ги контролираат протестите и да ги заштитат своите граѓани дека ќе ја мобилизира војската и дека брзо ќе го реши проблемот за нив, пренесе Би-би-си.
– Се заколнав дека ќе ја бранам Америка и ќе го направам тоа. Правдата за Флојд ќе стигне, но не можеме да дозволиме на насилните демонстранти да ги загрозат нашите мирољубиви граѓани. Јас сум сојузник на сите мирни демонстранти, но тоа е нарушено со професионалните анархисти, антифи и други – кажал тој.
Трамп рекол и дека храбрите медицински сестри кои се борат против коронавирусот се плашат да излезат од дома.
– Правда, а не хаос, е нашата мисија, и ќе успееме 100 отсто. Нашата земја секогаш победува. Затоа преземам моментална претседателска акција, ќе ги мобилизирам сите цивилни и воени ресурси. Ќе испратам илјадници тешко вооружени војници и претставници на законот да го запрат вандализмот – рече Трамп.
Американскиот претседател најави и дека полицискиот час ќе биде стриктно почитуван.
Потоа Трамп позираше пред една оштетена црква, предизвикувајќи критики дека ги користи мирните демонстранти како прилика за сликање.
Протестите ширум САД траат веќе седум дена. Протестите избувнаа низ целата земја поради смртта на 46-годишниот Афроамериканец Џорџ Флојд.