Трамп се заканува дека борците на ИД ќе ги пушти на европските граници

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика европските држави да ги примат назад своите граѓани кои и се приклучиле на вооружената група Исламска држава Ирак и Левант и кои се затворени во кампови во источна Сирија под контрола на курдските сили.

Илјадници странски борци од осумдесет земји и се приклучија на ИД кога во 2014 зазема големи области во Сирија и Ирак.

Судбината на припадниците на вооружените сили и нивните семејства стана жешко прашање откако на почетокот од минатата година беше прогласена победа над ИД.

Дел од децата се вратени, но европските држави не сакаат да ги примат назад оние кои свесно и се приклучиле на вооружената група.

– Во еден момент ќе морам да кажам: или ќе ги примите назад или ќе ги пуштам да дојдат на вашите граници – рече Трамп.

Тој додаде дека САД нема да ги плаќаат трошоците за притвор на „илјадници борци”.

– Повеќето од нив се од Европа, истакна Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот