Трамп се закани: СЗО е кинеска марионета, ако за следните 30 дена не се подобри трајно ќе го прекинеме на финансирањето

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани дека трајно ќе го прекине финансисрањето на Светска здравствена органзиација, ако во следните 30 дена СЗО не постигне одредени подобрувања.

– Ако СЗО во следните 30 дена значително не се подобри, привремениот прекин на американското финансирање ќе го прогласам за трајно и ќе го разгледам нашето членство, наведува Трамп во писмото испратено до генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебреисус.

Во писмото објавено на Твитер, Трамп наведува дека не може да дозволи „американските граѓани да плаќаат данок и да продолжат да финансираат организација, која во сегашниот облик така очигледно не служи на американските интереси”.

Во писмото се истакнува дека Гебреисус и СЗО ги повториле погрешните чекори во реагирање на пандемијата и оти Организацијата мора да докаже целосна независност кон Кина.

– Mојата администрација веќе почна разговори со Вас за тоа како да се реформира Oрганизацијата. Но, потребно е брзо да се преземе акција. Нема време за губење, предупредува Трамп во писмото.

Тој ја обвинува СЗО дека е „кинеска марионета” и оти лошо раководела со одговорот на пандемијата со новиот коронавирус.

СЗО вчера соопшти дека што е можно побрзо ќе почне независна процена на преземените мерки во борбата против пандемијата со Ковид-19.

Трамп во април привремено го суспендира финансирањето на СЗО обвинувајќи дека Организацијата ги поддржува кинеските дезинформации за избивање на епидемијата со Ковид-19.

Прочитајте:

Шокантен извештај на германските разузнавачи: Си Џинпинг барал од СЗО да сокрие факти 
за коронавирусот?

Билд објави таен извештај: Кина лажеше за коронавирусот!

Разузнавачките агенции го вперија прстот во Кина: ЦИА тврди дека со закани 
бил вршен притисок врз СЗО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот