Трамп се закани на Твитер: Ќе ставам вето на буџетот за одбрана

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ќе стави вето на буџетот за одбрана што беше усвоен од Конгресот во петокот.

– Кина ќе има најголема корист од нашиот нов закон за одбрана. Јас ќе ставам вето, наведе американскиот претседател на Твитер.

Претседателот не се согласува дека законот за финансирање на Пентагон отвора можност за преименување на воените бази што носат имиња на генерали од Конфедерацијата кои се бореле за зачувување на ропството.

Буџетот за одбрана на САД од 740,5 милијарди долари беше изгласан со огромно мнозинство во Претставничкиот дом и со 84 спрема 13 гласови во Сенатот.

Проектот предвидува и санкции против руските гасоводи „Северен поток-2″ и „Турски поток”, како и против Турција за руските ПВО системи С-400.

Во текстот се наведува и дека 250 милиони долари (во споредба со 300 милиони претходната година) ќе и бидат доделени на Украина во рамки на иницијативите за безбедносна соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот