ТРАМП СЕ ЗАКАНИ: Иран да биде внимателен

EPA-EFE/SHAWN THEW

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека му е „подобро да биде внимателен”, откако Техеран најави дека наскоро ќе го зголеми нивото на збогатен ураниум над лимитот, договорен со нуклеарниот договор од 2015 година.

Пред заминувањето за градот Морстаун, во Њу Џерси, Трамп на новинарите им даде коментар и за ставовите на британскиот амбасадор во САД, Ким Дерок, кој ја критикуваше неговата администрација.

Тој кажа дека Дерок не и служел добро на Велика Британија, пренесоа западните медиуми.

Британскиот амбасадор во САД оцени дека администрацијата на Трамп е неспособна и дефункционална и дека има мала веројатност да се подобри, се открива од дипломатските депеши што протекоа во јавноста.

Британскиот Форин офис не ја оспори автентичноста на документите, но наведе дека нивното објавување претставува „штетно однесување” и дека јавноста очекува дипломатот да понуди искрени проценки на политиката во земјата во која е на служба.

Во документите што ги објави „Мејл он Сандеј” политиката на Трамп за Иран се оценува како „некохерентна и хаотична”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот