Трамп се закани дека ќе ги затвори социјалните мрежи

ФОТО: ЕРА

Американскиот претседател Доналд Трамп наскоро ќе потпише извршна наредба за социјалните мрежи, изјави неимуван претставник на Белата куќа.

Трамп по предупредувањето од Твитер, корисниците да ги проверуваат фактите во неговите твитови, тој се закани дека ќе ги затвори социјалните мрежи.

Твитер вчера првпат предупреди дека твитовите на Трамп водат кон дезинформации, а американскиот претседател го обвини Твитер дека „ја задушува слободата на говорот” и „се меша во претседателските избори 2020″

Портпаролот на Твитер, Трентон Кенеди изјави дека твитот на Трамп за гласањето преку пошта не ги крши правилата, бидејќи „не се обидува директно да ги одврати луѓето од гласање” туку содржи „погрешни информации за процесот на гласање, посебо за испраќање на гласачките ливчиња”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот