Доналд Трамп
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/Erin Schaff

Трамп се закани: Ако еден Американец настрада, ќе го сметам Иран за одговорен

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска му се закани на Иран дека ќе ја смета земјата за одговорна ако во Ирак загине и еден Американец.

Трамп на Твитер потсети дека американската Амбасада во Багдад била погодена од неколку ракети.

– Три ракети не беа лансирани. Погодете од каде се: од Иран. Сега слушаме приказни кои кружат за нови напади врз Американци во Ирак. Имам еден здрав, пријателски совет за Иран: Ако еден Американец настрада, ќе го сметам Иран за одговорен. Размислете за тоа, напиша Трамп.

Кон Зелената зона во ирачкиот главен град, каде што се наоѓа и американската Амбасада, во неделата беа истрелани осум ракети. Притоа загина еден ирачки цивил, а државниот секретар Мајк Помпео за нападот обвини проиранска шиитска група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот