Трамп: Се радувам на средба со Ким

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун сака повторно да се сретне со него заради започнување нуклеарни разговори, откако ќе завршат заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја.

Трамп на Твитер изнесе  повеќе детали од „преубавото” писмо на три страни што Ким му го испрати завчера.

Трамп, кој е на одмор во неговиот голф-клуб во Њу Џерси, вели дека Ким се пожалил на „смешните и скапи воени вежби”, кои Пјонгјанг ги гледа како закана.

Американскиот претседател вели дека Ким се извинил за неодамнешните ракетни тестови и го уверил дека тестовите ќе бидат стопирани кога ќе завршат вежбите.

– Се радувам што ќе го видам Ким во не толку далечна иднина, напиша Трамп на Твитер.

Северна Кореја вчера испука две балистички ракети со краток дострел, што е петто тестирање во последните три недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот