2 C
Скопје

Трамп се прости: Се гледаме наскоро

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори за нив.

Тој во базата, која кратко ја посетил пред да замине на Флорида, им порачал на граѓаните на САД дека се неверојатен народ, дека САД е голема земја и му претставувало чест што бил претседател.

– Ќе следам и секогаш ќе се борам за вас. Ќе слушам и ќе ви кажам дека иднината на оваа земја никогаш не била подобра. Довидување, ви благодарам и ќе се вратам на некаков начин, им порача Трамп на присутните.

Тој му се заблагодари на семејството и истовремено и посака на администрацијата се најдобро.

Прочитајте и...  Вакцинирани 3 028 здравствени работници, 120 369 граѓани се пријавиле за вакцинација против Ковид-19

– Мислам дека ќе бидат успешни, имаат причина да направат нешто спектакуларно, нагласи Трамп.

На крајот од говорот, тој им посака на присутните добар живот и им порача: „Се гледаме наскоро”.

Потоа се поздрави со присутните членови на семејството и држејќи се за рака со својата сопруга Меланија влезе во воениот хеликоптер на пат кон Флорида.

Поврзани вести

Турција во февруарска офанзива против Даеш и ИСИС приведе 165 осомничени за тероризам

Слободен печат

Израел крои планови како да ги заштити од апсење офицерите од војната во 2014 година

Цунами од потресни снимки од ужасот во Нов Зеланд ги преплави социјалните мрежи

Слободен печат

Повторно ставена во функција модуларната болница во Клиничкиот центар

Слободен печат

Ужасен напад во Црна Гора: Насилници врежаа крст на градите на ЛГБТ лице и му ги повредија гениталиите

Слободен печат

Филипче: Во текот на овој месец ќе почне имунизацијата на населението

Слободен печат

Остави Коментар