Трамп се потпиша на ѕидот кон Мексико (ВИДЕО)

Фото: Твитер

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се потпиша на новоизградениот дел од ѕидот на границата со Мексико, нарекувајќи го „безбедносен систем од светска класа“.

Тој додал дека ѕидот ќе биде практично непробоен.

Трамп го посетил градилиштето на граничниот ѕид во областа на Сан Диего, пренесува агенцијата АП.

Пред да започна изградбата на ѕидотѕ, границата во Сан Диего била заштитена со иницијален слој на лим кој лесно се пробивал во друг, појјак слој, кој можел да биде пробиен со силни електрични тестери.

– Ѕидот бил како лим и луѓето едноставно можеа да го срушат – изјавил Трамп, зборувајќи за првиот слој кој сега е заменет.

Досега се изградени 106 километри од ѕидот, а уште 403 километри се во различни фази на изградба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот