Трамп се пофали дека „отворил“ фабрика за Епл што веќе постои

Фото: Smialowski / AFP / Profimedia

Американскиот претседател Доналд Трамп се обиде да преземе заслуги за отворање погон на Епл, што работи со години, а потоа го обвини спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, за затворање на Конгресот.

– Денес отворив голема фабрика за Епл во Тексас, која ќе врати работни места со високи плати во Америка. Денес, Ненси Пелоси го затвори Конгресот затоа што не е заинтересирана за американски работници”, објави Трамп на Твитер.

Сепак, како што пренесуваат американски медиуми, ништо од тоа не се случило.

Наводно, Трамп посетил фабрика во Остин, Тексас, што го произведува МекПро за Епл од 2013 година.

Епл во септември објави дека ќе продолжи со производство на линијата МекПро во Остин, бидејќи администрацијата на Трамп се согласи да се откаже од царините за делови од Кина. Компанијата планира да го прошири бизнисот во Остин и соопшти дека почнале со изградба на нов кампус во тој град.

Претставничкот дом на Конгресот сепак, работеше по план донесувајќи закон за поддршка на демонстрантите во ХонгКонг иако Трамп напиша дека Пелоси „го затворила Конгресот”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот