Трамп се откажа од прогласување на мексикански картели за „терористички организации”

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „привремено” се повлекува од прогласување на мексикански нарко картели за „терористички организации” на барање на мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор.

– Се што е потребно за да се прогласи мексикански картели терористички организации е направено. Од правна гледна точка, ние сме подготвени за тоа “, напиша американскиот претседател на Твитер.

– Но, на барање на човек, кого јас го почитувам и кој толку добро соработуваше со нас, претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор, ние привремено ќе го прекинеме прогласувањето и ќе ги интензивираме нашите заеднички напори за успешна борба против овие се поопасни организации”.

Доналд Трамп ја спомена таа можност во телефонско интервју објавено на 26 ноември на веб-страницата на конзервативниот новинар Бил О’Рајли.

Три жени и шест деца на американско семејство кои живееја во северно Мексико, беа убиени на почетокот на ноември во напад најверојатно извршен од картел многу влијателен во пограничната област.
Вашингтон тогаш го повика Мексико да „објави војна” на картелите, а Доналд Трамп рече дека САД се подготвени да му помогнат на својот јужен сосед.

Мексико ја отфрли понудата, а претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави на 29 ноември дека не сака американска воена интервенција во неговата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот