Трамп се налути на својата омилена социјална мрежа, а за се е виновен еден твит

Твитер прв пат ги повика корисниците да ги проверат податоците во твитовите кои ги објавува американскиот претседател Доналд Трамп, кој потоа оцени дека Твитер се меша во американските претседателски избори и ја гуши слободата на говор.

Твитер ги предупредил корисниците да ги проверат тврдењата на Доналд Трамп за гласање преку пошта.

Трамп кој има повеќе од 80 милиони следбеници на Твитер, претходно во објавите тврдел дека гласањето преку пошта би било „во значајна мера неправедно“ и дека би резултирало со „наместени избори“.

 

Твитер со плав извичик под тој твит ги предупредил корисниците да ги проверат фактите за гласање преку пошта и ги насочил на страница на која тврдењата на Трамп за начинот на гласање се опишани како „непотврдени“.

Американскиот претседател веднаш во твит одговори на Твитер, оценувајќи дека компанијата се меша во американските претседателски избори.

„Твитер потполно ја гуши слободата на говор и јас, како претседател, нема да го дозволам тоа!“, напишал Трамп.

Трамп напишал дека Твитер ги заснова своите тврдења на основа на „лажните вести на Си-Ен-Ен“ и како што навел на „Вашингтон Пост на Амазон“.

Твитер потврди дека тоа е прв пат да е применето правилото на посебно обележување на твитот на претседателот на САД, од кога била воведена оваа нова политика на компанијата порано овој месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот