Трамп се двоуми меѓу две локации за неговата инаугурација за претседателски кандидат на Републиканците

Плановите за републиканската конвенција се менуваа во последните месеци поради панедемијата од коронавирус.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека говорот со кој ќе ја прифати републиканската номинација за престојните претседателски избори ќе ја одржи или во Белата куќа или на историското воено поле Гетисбург.

„Го стеснивме изборот за говор по повод прифаќањето на претседателската номинација во ноќта на конвенцијата на две локации – военото поле Гетисбург во Пенсилванија и Белата куќа во Вашингтон. Наскоро ќе ја објавиме одлуката“, објави Трамп на својот Твитер профил.

Двете места се имот на федералната влада па нивното искористување за одржување на политички настан ќе отвори и правни и политички прашања.

Гетисбург е округ каде во 1863 година силите на Унијата ги поразиле силите на Конфедерацијата во најголемата позната битка на територијата на Северна Америка. Американскиот претседател Абрахам Линколн четири месеци подоцна на истата локација, го одржа својот краток, но важен говор кој важи за еден од најславните во американската историја.

Годинешните претседателски избори се закажани за 3. ноември.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот