Трамп се договори „драгиот пријател“ Моди: Индија од САД ќе купи воена опрема вредна три милијарди долари

Фото: EPA-EFE/HARISH TYAGI

„Нашите тимови постигнаа огромен напредок во однос на сеопфатен трговски договор и оптимист сум дека можеме да постигнеме договор кој ќе биде од големо значење за двете земји“, потенцираше Трамп.

Индија од САД ќе купи воена опрема во вредност од три милијарди долари, соопшти денеска американскиот претседател Доналд Трамп, кој се наоѓа во посета на таа земја.

По тет-а-тет средбата со индискиот премиер Нарендра Моди, Трамп изјави дека посетата била продуктивна, на која се склучени и договори за купување американски хеликоптери за индиската војска. Индија ќе купи 24 хеликоптери „Сихок“ од компанијата Локи Мартин опремени со ракети „хелфаер“, во вредност од 2,6 милијарди долари, и најави нарачка на шест „Апачи“ хеликоптери.

Трамп истакна и дека се надева на постигнување на голем трговски договор со Индија, веројатно до крајот на годината.

– Нашите тимови постигнаа огромен напредок во однос на сеопфатен трговски договор и оптимист сум дека можеме да постигнеме договор кој ќе биде од големо значење за двете земји – потенцираше Трамп.

Двете држави првобитно планираа да склопат „мини договор“, но се покажало тешко остварливо. Наместо тоа сега имаат за цел постигнување договор за поголем пакет, вклучувајќи и можен договор за слободна трговија.

Трамп уште дополни дека разговарал со Моди, кого го нарече „драг пријател“ за значењето на безбедноста на 5Г телекомуникациската мрежа во Индија пред планираната аукција за доделување фрекфенции во таа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот