Трамп сакал да го купи Гренланд

Фото: EPA

Претседателот на САД Доналд Трамп неколкупати пројавувал интерес да се купи Гренланд од Данска „со различен степен на сериозност”, објави Волстрит џурнал.

Весникот се повикува на неименувани извори и поранешни лица од Белата куќа.

Имено, претседателот на САД барал од своите советници „да разгледаат идеја” за купување на најголемиот остров на Земјата. Трамп пројавил интерес за Гренланд заради природните ресурси и геополитичкото значење. Во образложение до советниците, Трамп укажал дека Данска има финансиски потешкотии поради тоа што во состав на кралството влегува огромна автономна територија.

Во следниот месец Трамп ќе ја посети Данска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот