Трамп сака да разговара со Путин за ставање крај на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека сака да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за ставање крај на војната во Украина.

„Навистина би сакал да бидам во позиција да се сретнам со Путин наскоро, за да можеме да ја завршиме војната“, им рече Трамп на учесниците на Светскиот економски форум во Давос.

Тоа не е економски став, туку поврзан со милиони уништени животи. Тоа е масакр. Мора да ја запреме војната, рече Трамп, пренесува Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот