Трамп сака да ја забрани апликацијата ТикТок, а Мајкрософт преговара да ја купи

Администрацијата на Трамп планира да и нареди на БејтДенс да го отуѓи американскиот имот што го стекна во 2017 година, што подоцна е припен кон ТикТок.

Компанијата Мајкрософт наводно преговара за купување на кинеската видео апликација ТикТок откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ја разгледува можноста да ја забрани апликацијата во САД.

ТикТок е во сопственост на кинеската интернет компанија БејтДенс, чија вредност се проценува на 100 милијарди долари. Според американската администрација видео апликацијата претставува закана за националната безбедност.

Администрацијата на Трамп планира да и нареди на БејтДенс да го отуѓи американскиот имот што го стекна во 2017 година, што подоцна е припен кон ТикТок.

Администрацијата на Трамп разгледува и други потенцијални акции против БејтДенс, вклучително и додавање на кинеската фирма на така наречената „ентитетска листа”, која ги спречува странските компании да купуваат американски производи и услуги без посебна лиценца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот