Трамп: САД сака договор за контрола на вооружувањето со Русија и Кина

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

САД, како и Русија, сакаат да склучат договор за контрола на вооружувањето, но и да ја привлечат и Кина кон тој договор сега или во некоја подоцнежна етапа, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, цитиран од британските медиуми.

– Треба да кажам, Русија сака да склучиме договор за контрола на вооружувањето. Русија многу сака да постигнеме договор за контрола на нуклеарното оружје, изјави Трамп, кој е во Лондон, каде учествува на јубилејниот самит на НАТО.

„Сигурно е, исто така, дека во договорот ќе ја вклучиме и Кина. Можеме да ја вклучиме подоцна, а можеме и сега”, дополни американскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот