Трамп: САД нема да се затворат ако не погоди втор бран на коронавирусот

ФОТО: ЕРА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да ја затворат земјата доколку бидат погодени со втор бран на вирусот Ковид-19.

– Ќе се обидеме да го изгаснеме пожарот, без разлика дали станува збор за пожар или за пламен, но нема да ја затвориме земјата, рече Трамп за време на посетата на фабриката на „Форд” во Мичиген, пренесе Си-Би-Ес.

Трамп претходно изјави дека епидемијата сè уште може да тлее на некои места, но дека вирусот ќе исчезне во текот на летото.

Сепак, според медицинските експерти, вклучително и оние од администрацијата на Трамп, ширењето на коронавирусот најверојатно ќе продолжи и во текот на есента и зимата, а борбата ќе стане уште потешка кога ќе започне сезоната на грип.

Директорот на Националниот институт за алергија и заразни болести и член на кризниот штаб на Белата куќа за коронавирусот, Ентони Фалучи за „Вашингтон пост” изјави дека нема сомнеж дека ќе има нов бран на епидемијата. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот