Трамп решителен: Со вакцина или без, ние се враќаме во нормала

Зборувајќи во Белата куќа на настан на кој голем број службеници на администрацијата носеа маски, но не и самиот, Трамп изрази надеж дека вакцината ќе биде достапна пред крајот на годината.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се прават сите напори да се најде вакцина против коронавирусот до крајот на годинава, но рече дека САД ќе се вратат во нормала со или без вакцината.

-Сакам да бидам јасен, тоа е многу важно. Со вакцина или не, ние се враќаме. И ние почнуваме, рече Трамп пренесен од Си-Ен-Ен.

Зборувајќи во Белата куќа на настан на кој голем број службеници на администрацијата носеа маски, но не и самиот, Трамп изрази надеж дека вакцината ќе биде достапна пред крајот на годината, пренесуваат британските медиуми.

Претседателот на САД рече дека неговата администрација ќе мобилизира сили за дистрибуција на вакцината откако таа ќе се добие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот