Трамп размислува да објави делови од акцијата во која е убиен лидерот на Исламска држава

Фото: Facebook

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека неговата администрација размислува да ја објави видео-снимката од специјалната операција во Сирија, во која е убиен лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади.

– Размислуваме за тоа. Би можеле тоа да го направиме. Можеме да објавиме одредени делови од операцијата – рекол Трамп пред новинарите во базата Ендруз, пренесува бриселски „Политико“.

Како што пишува престижниот медиум, многумина ги критикуваа описите на Трамп за Багдади на вечаршната прес-конференција, кога рече дека лидерот на Исламска држава умрел како „куче и кукавица“, како и дека „плачел и цвилел“.

Трамп на конференцијата исто така рече дека Багдади и неговите соработници биле „како уплашени кутриња“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот