Трамп: Разговарав со Путин, го молев да ги поштеди животите на Украинците во Курск

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал „многу добар и продуктивен“ телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, тврдејќи дека „има големи шанси оваа ужасна, крвава војна конечно да дојде до крајот“.

Трамп, исто така, рече дека разговарал со Путин за украинските сили во Курск, барајќи од рускиот лидер „да ги поштеди нивните животи“ откако наводно биле опколени од руските сили.

„Вчера имавме многу добри и продуктивни разговори со рускиот претседател Владимир Путин и има големи шанси оваа ужасна, крвава војна конечно да заврши. Но, во овој момент илјадници украински војници се целосно опкружени од руската војска и се во многу лоша и ранлица позиција. Силно побарав од претседателот Путин да ги поштеди нивните животи. Ова би бил ужасен масакр, каков што не е забележан од Втората светска војна. Нека Господ ги благослови сите!!! – напиша Трамп на социјалнате мрежа Трут соушијал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот