Трамп разговараше со лидерот на талибанците: Периодот за намалување на насилството е завршен

Американскиот претседател имал телефонски разговор со политичкиот лидер на талибанците Абдул Гани Барадар, изјави вечерба портпаролот на талибанците не наведувајќи други детали.

„Претседателот на САД имаше телефонски разговор со Барадар“, рече неименуваниот портпарол на талибанците, ден по крајот на примирјето во Авганистан.

Трамп од своја страна рече дека имал „многу добар разговор“.

Талибанците во понеделникот соопштија дека го прекинуваат делумното примирје воведено на 22 февруари и ја продолжуваат офанзивата против авганистанските безбедносни сили, два дека по потпишувањето на историскиот договор со САД.

„Периодот на намалување на насилството кој траеше девет дена е завршен и нашите операции се враќаат во нормала“, рече на „Франс прес“ портпаролот на бунтовниците Забинулах Муџахид.

Тој рече дека во согласност со договорот меѓу талибанците и Американците, тие нема да ги напаѓаат странските сили, но ќе ги продожат операциите против владата во Кабул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот