Трамп разговарал со Си Џинпинг за пандемијата на коронавирусот

Фото: МИА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал со својот кинески колега Си Џинпинг за пандемијата од новиот коронавирус, од кој во последните 24 часа в светот починаа над 24.000 луѓе.

– Кина беше отворена и транспарентна кога станува збор за епидемијата со коронавирусот. изјави Си во телефонскиот разговор со Трамп.

Додека Трамп на Твитер напиша дека „Кина помина многу и добро го разбира вирусот. Блиско соработуваме за тоа прашање”.

Трамп и други американски претставници ја обвинија Кина дека не била доволно транспарентна за коронавирусот.

Си им понуди помош на САД, во момент кога има поголем број заразени лица со Ковид-19 од Кина.

Кинескиот претседател истакна и дека Пекинг и Вашингтон треба да имаат комуникација за спречување на вирусот.

– Соработката помеѓу двете држави е единствен прав избор, посочи Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот