Трамп: Работната група за борба против коронавирусот постепено ќе биде распуштена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Белата куќа постепено ќе ја распушти работната група за борба против коронавирусот.

Трамп рече дека американскиот потпретседател Мајк Пенс и работната група направиле одлична работа, пренесува „Ројтерс“.

„Но, сега разгледаме малку поинаква форма и тој облик е безбедност и отворање и веројатно ќе создадеме различна група за тоа“, рече Трамп.

Американскиот претседател сепак рече дека борбата против Ковид-19 не е завршена.

„Мисијата ќе заврши кога сето ова ќе биде готово“, рече Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот