Трамп: Путин сака да се сретне со мене, договараме средба

Фото: EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин сака да се сретне со него и во моментов се договара средба, но не прецизираше временска рамка кога ќе се одржи.

Трамп во четвртокот пред состанокот со републиканските гувернери во Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида, рече дека војната во Украина мора да заврши, објави Ројтерс.

Враќањето на Трамп во Белата куќа на 20 јануари ги зголемува надежите дека ќе се најде дипломатско решение за војната во Украина. Соединетите Американски Држави досега ѝ обезбедија на Украина помош од 175 милијарди долари, вклучително и повеќе од 60 милијарди долари воена помош.

Сепак, неизвесно е дали помошта ќе продолжи со истото темпо откако Трамп ќе ја преземе функцијата, бидејќи тој рече дека сака војната во Украина да заврши што е можно поскоро.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во четвртокот изјави дека Путин ќе ја поздрави поканата на Трамп за средба, но истакна дека досега немало официјално барање.

„Посоодветно би било да се почека Трамп прво да ја преземе функцијата“, рече Песков, пренесе Танјуг.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Трамп може да одигра одлучувачка улога во исходот на војната во Украина и, како што наведе, да помогне „да се запре Путин“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот