Трамп против милијардерот Блумберг: „Малиот Мајкл нема да успее“

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, нема да успее доколку влезе во трката за Белата куќа, пренесе „Индекс“.

– Малиот Мајкл нема да успее, го нема она што е потребно за успех – оцени Трамп, велејќи дека со ниту еден кандидат за претседателските избори во 2020 година не би сакал да се наптреварува како со Блумберг, милијаред како што е тој.

Мајкл Блумберг во март службено објави дека нема да се кандидира. Главната причина беше поради тоа што во трката имаше дваесетина кандидати од редовите на демократите, но и за да не ги намали шансите на поранешниот потпретседател Џо Бајден, кој како и самиот Блумберг, припаѓа на политичкиот центар.

Но, изворите блиски на Блумберг, како што пренесуваат „Њујорк тајмс“ и Си-Ен-Ен, велат дека сега тој собира потписи неопходни за предавање на кандидатурата во сојузната држава Алабама, која бара кандидатите да се пријават најдоцна до петок.

Блумберг (77) дванаесет годни беше градоначалник на Њујорк. Претседател и основач е на агенцијата за финансико информирање која го носи неговото име. Според оценката на „Форбс“, девети е на листата на најбогати луѓе на светот со имот кој се проценува на 55,5 милијарди долари.

Тој е многу активен во борбата со климатските промени. Според „Индекс“, тој размислувал да се вклучи во трката на претседателските избори во 2016 година, но се откажал за да не ги подели демократите во трката со Доналд Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот