Трамп призна дека го загубил интересот за трговски договор со Кина

Трамп, исто така, беше запрашан дали е подготвен да ги врати серијата царини врз кинеските производи, на што тој возврати дека сега не е подготвен да зброува за тоа.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека го загубил интересот за склучување американо-кинески трговски договор.

На прес конференцијата во Белата куќа Трамп беше прашан зошто не сака да разговара со кинескиот лидер Си Џинпинг, на што тој одговори дека Кина троши премногу време во преговорите за договорот, а тој лично, како шеф на државата, го загубил интересот за договорот, пренесе Тасс.

Трамп, исто така, беше запрашан дали е подготвен да ги врати серијата царини врз кинеските производи, на што тој возврати дека сега не е подготвен да зброува за тоа.

-Можам само да кажам дека Кина купува многу наши стоки, рече претседателот и додаде дека набрзо по првата фаза од договорот Кина соопштила за распламтувањето на коронавирусот во земјата. „Така што не сме задоволни”, рече американскиот претседател

Претходно Трамп кажа и дека се откажал и од повторното разгледување на условите од првата фаза на договорот.

Според провладиниот кинески весник „Глобал Тајмс”, неименувани советници претпоставуваат дека кинеските власти ја разгледуваат можноста трговскиот договороп со САД да го прогласат за неспроведлив и да побарат поповолни услови. Но, Трамп реагираше дека не е заинтересиран за таква варијанта.

Согласно условите од првата фаза на трговскиот договор, следните две години Пекинг треба да купи американски стоки и услуги во вредност од 200 милијарди долари, а Вашингтон се согласи да почне постепено да ги намалува царините врз кинеските производи за американскиот пазар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот